На Клоп не му се веруваше дека Рома е полуфиналист само од една причина

Сензацијата која ја приреди Рома синоќа на „Олимпико“ беше центар на вниманието на светската јавност, засенувајќи го фантастичниот настап на Ливерпул, кој во двомечот со Манчестер сити со две победи со вкупни 5-1 го елиминираше новиот англиски првак Манчестер сити.

На епската победа на Рома против Барселона и елиминацијата на Каталонците се воодушеви и менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп. И како не би се воодушевил, кога римјаните летоска се откажаа од фантастичниот Мохамед Салах, кој сезонава игра во неверојатна форма и е лидер на четата на германскиот стратег.

„Не можев да поверувам кога слушнав дека Барселона е во аут. Рома го загуби Мо Салах и е во полуфинале. Па, тоа е неверојатно“, рекол Клоп.