На Далиќ му се „стемни“: Хрватска остана без одличен напаѓач за ЕП

Хрватскиот напаѓач Анте Будимир ја има најдобрата сезона во кариерата, но ќе сака за брзо да го заборави дуелот со Валенсија каде што се посрамоти и промаши пенал, а притоа се здоби и со тешка повреда.

Осасуна објави дека напаѓачот бил испратен во болница каде што било констатирано дека скршил три ребра, а тоа значи најверојатно дека нема да биде подготвен за Европското првенство (ЕП) кое се игра ова лето.

Ова е ужасна вест за селекторот Златко Далиќ, кој претходно остана без четири напаѓачи и цела надеж ја имаше во Будимир кој оваа сезона постигна 16 гола и две асистенции во Ла Лига.