Чеферин откри кога ќе биде познато дали ќе има навивачи во ЛШ и ЛЕ

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин изјави дека одлуката дали ќе има навивачи на натпреварите во Лигата на шампиони и Лигата на Европа ќе биде донесена најдоцна до 10 јули.

Двете натпреварувања сезонава ќе завршат со фајнл-ејт турнири во Лисабон, Португалија и Германија, точното место на одржување не е утврдено. Првично беше предвидено да нема публика на трибините, но сега првиот човек на европскиот фудбал најави дека работите може да се променат до одржувањето на ждрепката за двојките следниот петок.

„Работиме близу со луѓето во Португалија и Германија, а во вторникот разговарав со португалскиот премиер лично. Ќе ги следиме препораките на властите и конечната одлука ќе ја донесеме до 10 јули. Ние би сакале навивачите да бидат таму, но нема да правиме компромис со безбедноста на учесниците иако е навистина тажно најважниот натпревар во европскиот фудбал да се игра пред празни трибини“, изјави Чеферин.