Мурињо испиша нова негативна историја во неговата тренерска кариера

Работите не одат кон добро за Жозе Мурињо во таборот на Манчестер јунајтед. По вечерашното реми без голови против Валенсија на „Олд Трафорд“ во рамки на Лигата на шампиони, „црвените ѓаволи“ немаат победа на домашен терен точно два месеци во сите натпреварувања. 

Португалецот за прв пат во својата тренерска карирера е во серија од четири натпревари без победа на домашен терен во сите натпреварувања. Вакво нешто му се нема случено ниту на клупата на Бенфика, Леириа, Порто, Челси, Интер и Реал Мадрид.

Притисокот од ден на ден врз него се зголемува, а доколку набрзо не успее да ја врати атмосферата во тимот, веројатно ќе добие отказ.