Молк на „Олд Трафорд“: Дибала ја погоди мрежата на Јунајтед (ВИДЕО)

Вечерва се игра големиот спектакл на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер јунајтед и Јувентус во рамки на третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Гостите од Италија стигнаа до водство во 17. минута од дуелот, откако Пауло Дибала ја погоди мрежата на Давид де Хеа.