Меси не можеше ни да сонува ваков пречек во Португалија (ВИДЕО)

ПСЖ вечерва гостува кај Бенфика во мечот од третото коло во групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ), а на стадионот беше забележана необична сцена која сигурно ќе го остави Лионел Меси без зборови.

Меси доаѓа во Португалија од каде што потекнува неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо, но очигледно Аргентинецот има свои фанови, кои се собраа и скандираа „Меси, Меси“.

Натпреварот меѓу Бенфика и ПСЖ се игра вечерва од 21 часот.