Манчестер јунајтед испрати голема провокација до Јувентус (ФОТО)

Вечерва сите го очекуваат големиот спектакл помеѓу Манчестер јунајтед и Јувентус во Лигата на шампиони, а во центар на внимание е враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“.

Има многу причини зошто многумина очекуваат возбудлив натпревар во Манчестер и голема битка на теренот, но пред дуелот почнаа и првите провокации.

Официјалниот сајт на Јунајтед го опиша Јувентус на начин на кој нема да им се допадне на навивачите на „Старата дама“.

„Еден од прекарите на Старата дама е и Рубентус, кој им го дадоа навивачите на Наполи, Фиорентина и Интер. Со тоа се опишува некој кој сака да украде нешто, а се мисли на аферата Калчополи, каде што Јувентус беше главен предмет и беше исфрлен во Серија Б поради наводно местење на натпревари“, пишува во описот.