Мајсторијата на Шалај – гол што се дава еднаш во животот (ВИДЕО)

Унгарецот Адам Шалај постигна страшен гол со петица после корнерот на Доминик Шобошлај против Германија, оставајќи го голманот на Барса Марк Андре Тер Штеген само со поглед да ја гледа топката како влегува во неговата мрежа.

Фудбалерот на Базел постигна неверојатно атрактивен гол за најавни шпици и дефинитивно еден од најубавите во оваа година, а ваков гол се дава еднаш во кариерата.