Мајсторија на Франсерџо за водство на Брага против Ренџерс (ВИДЕО)

Вечерва на култниот „Иброкс“ се игра првиот натпревар од 1/16 финалето во Лигата на Европа помеѓу Ренџерс и Брага, а резултатот засега е 0-1 за Португалците.

Стрелец на единствениот гол во досегашниот дел од мечот беше Франсерџо, кој со вефоменален удар од 30-тина метри успеа да го совлада голманот на домаќините Мекгрегор.