Луис Енрике рече дека ќе победеле и без црвениот картон, па доби одговор од Чави!

ПСЖ синоќа ја доби битката со Барселона и се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите, а клучен момент на мечот беше црвениот картон на Араухо по кои се променија работите на теренот.

Во дел од својата изјава по натпреварот, Луис Енрике рече дека ќе го добиеле мечот и без да се случел црвениот картон. Тој изрази надеж и дека Чави уште долго време ќе биде тренер на Барселона.

Но, тренерот на Барселона има негативно мислење и за двете работи кои ги кажа Луис Енрике.

„Ниту ПСЖ ќе победеше без црвениот картон, ниту јас долго ќе бидам тренер на Барса“, одговори Чави на коментарите на Луис Енрике.