Луис Енрике: Како поранешен тренер на Барселона, не ми беше лесно!

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике се надева дека веќе во кариерата нема да има ситуација кога ќе треба да игра против Барселона.

Луис Енрике го предводеше ПСЖ до победа против својот поранешен клуб, Барселона. По двобојот призна дека не му било сеедно.

„Горд сум на овој тим. Не беше лесно за мене како поранешен тренер на Барселона, се надевам дека нема да се случи повторно“, рече Луис Енрике по мечот.

„Мбапе беше вистински лидер од почетокот до крајот. Витиња, но исто и Усман... ова беше фантастичен меч за сите нив“.