Ливерпул едвај излезе на крај со Салцбург, Суарез ѝ донесе победа на Барселона (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион Ливерпул успеа да слави против Салцбург со 4-3 во возбудлив меч во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони, додека Барселона со пресврт го урна Интер на „Камп Ноу“.

Ливерпул за 36 минути стигна до убедливо водство од 3-0 преку головите на Садио Мане, Робертсон и Мохамед Салах, а до крајот на првите 45 минути, Хуан Хи-Чан намали на 1-3.

Салцбург во второто полувреме успеа да намали преку Минамино на 2-3 во 56. минута, а во 60. минута израмни на 3-3. Сепак, Салах само девет минути подоцна успеа да му донесе важни три бода на Ливерпул.

Наполи е лидер во групата Е со четири бода, а по три имаат Салцбург и Ливерпул, додека Генк е четвртопласиран со еден бод.

Интер на „Камп Ноу“ поведе уште во третата минута преку Лаутаро Мартинез и успешно го бранеше водството до 58. минута кога Луис Суарез со одличен волеј израмни на 1-1, а во финишот од мечот Уругваецот успеа и да погоди за целосен пресврт и триумф од 2-1.

Борусија Дортмунд и Барселона имаат по четири бода во групата Ф, додека Интер е третопласиран со еден бод, колку што има и Славија Прага.

Останати резултати:

Генк – Наполи 0-0
Славија Прага – Борусија Дортмунд 0-2
Лил – Челси 1-2
Ред Бул Лајпциг – Лион 0-2
Валенсија – Ајакс 0-3
Зенит – Бенфика 3-1