Левандовски стана трет фудбалер со 100 голови во ЛШ

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски продолжи со одличните настапи за Барселона, па вечерва против Брест го постигна јубилејниот 100. погодок во Лигата на шампиони (ЛШ).

Левандовски беше прецизен од пенал против Брест во петтото коло од елитното натпреварување, па така стана трет фудбалер кој постигнал најмалку 100 погодоци во ЛШ.

Пред него на вечната листа се наоѓаат Кристијано Роналдо со 140 голови и Лионел Меси со 129 погодоци.