Левандовски пристигна на доделувањето на „Златната топка“, но сите гледаа кон неговата сопруга (ФОТО)

Иако еден од најдобрите напаѓачи Роберт Левандовски блескаше при пристигнувањето во Париз, сепак неговата понежна половина привлече поголемо внимание.

Сè уште не е официјално, но повеќето медиуми шпекулираат дека Лионел Меси ќе ја освои престижаната награда „Златната топка“.

Напаѓачот на Баерн е меѓу 10-те номинирани за „Златната топка“, а во Париз пристигна на церемонијата во друштво на неговата сопруга Ана.

Таа беше облечена во црн фустан, а обајцата позираа пред фотографите.