„Кралот“ е жив: Бензема го врати Реал Мадрид во игра за четвртфинале од ЛШ (ВИДЕО)

Дека никогаш не треба да се потцени ранетиот „крал“ се потврди и вечерва кон средината на реванш-средбата помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид од осминафиналето од Лигата на шампионите (ЛШ), откако шпанскиот тим изедначи на 1-1 со што се врати во игра за пласман во следната фаза.

Стрелец на погодокот беше Карим Бензема во 28. минута, откако со глава ја смести топката во мрежата на домаќинот. Сити сега води со вкупни 3-2, но сега мадриѓани со уште еден погодок целосно ќе ја изедначат ситуацијата на теренот, со оглед што го изедначија бројот постигнати голови на теренот на противникот.