Компани среќен, ама смирува: Трофеи не се освојуваат во ноември
„Баварците“ имаат максимачен ефект сезонава, сметајќи ги сите натпреварувања во кои учествуваат и тоа им дава право за задоволство и на навивачите и на играчите. Сепак, Компани смирува.
„Освоивме три бода, што е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Мораме да останеме смирени и да размислуваме за следниот натпревар. Во последно време бевме во различни ситуации, но се справувавме. Во саботата направивме сериозна ротација и на момците тоа добро им дојде. Игравме со човек помалку 45 минути и повторно се справивме со противникот, а тоа ни дава самодоверба. Се надевам дека Хакими наскоро ќе се врати на теренот и дека неговата повреда не е сериозна. Никогаш не сакате да гледате такви работи. Нешто слично му се случи на Мусијала во САД и тоа не е убав момент“, рече Компани.
Баерн во моментов се наоѓа на првото место во Лигата на шампионите со максимален ефект од четири одиграни натпревари, исто како и Арсенал. Стопроцентен е и Интер, но од три меча.