Клоп си ја отвори душата: Елиминацијата на Ливерпул од ЛШ е поради коронавирусот!

Коронавирус ги вознемирил играчите на Ливерпул пред натпреварот во Лигата на шампионите со екипата на Атлетико Мадрид, тврди менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.

Германски стручњак за клупскиот сајт изјави дека не било лесно да се најде вистинскиот фокус пред реваншот со Атлетико.

Знаевме за состојбата со вирусот, но сè уште бевме во нашиот тунел, ако може да го наречам така. Одигравме натпревар со Бормут, го добивме, а потоа кога се разбудив во понеделникот видов дека има планови да се затворат училишта и универзитети во Мадрид. Беше многу чудна подготовка пред натпреварот, истакна Клоп.

Тој продолжи со истото темпо.

Обично немам проблем да се изолирам од нештата што ме опкружуваат, лесно можам да создадам бариери околу мене, но тоа беше многу тешко во тој момент. Натпреварот се одигра во средата и можам да кажам дека беше одличен меч, бев задоволен од сите работи на теренот освен од резултатот, додаде германскиот стручњак.

Од четвртокот, Клоп мораше да размислува за работи што порано не ги правел.

Имавме состанок во петокот, моравме да разговараме за многу работи, да размислуваме за нешто што порано не сме правеле. Никој, апсолутно никој не знаеше како работите ќе се развиваат и единствената работа што може да ја направиме е да се организираме на најдобар можен начин момцоте да поминат низ овој период без никакви болки и проблеми. Ги испративме играчите дома, се вративме кај семејствата и се уште сме тука, заврши Клоп.