Клоп: Не можам да му помогнам на тој што мисли дека го добивме најлесниот противник

Менаџерот на англискиот великан Ливерпул, Јирген Клоп по ждрепката за полуфиналето во Лигата на шампионите, во која „црвените“ ја добија Рома за противник на патот кон финалето, ги изнасмеа англиските новинари со изјавата откако го дозна противникот.

И додека цел свет се возбуди од ждрепката во Нион, Клоп како и вообичаено на свој начин ја доживеа и им порача на сите што мислат дека Ливерпул го добил најлесниот противник дека тој не може да им помогне за да им го смени мислењето.

„Бидејќи знам дека по ждрепката ќе морам да кажам нешто, се ободов да размислувам што чувствувам, но не на начин дека мислам 'фала богу не е Баерн, фала ти Боже не е Реал, јеее ја добивме Рома“, туку размислував на друг начин. Ова е само ждрепка и знам дека ќе биде возбудливо, затоа што најважното е дека ние сè уште сме во ова натпреварување. Кој противник и да го добивме јас ќе кажам дека постојат шанси за финале, зошто ова е фудбал. Така да – имаме шанси со Рома. Но, ако некој мисли дека ова е најлесна ждрепка, тогаш јас не можам да му помогнам на тој човек. Од причина што тој не ги видел двата меча против Барселона. Во првиот меч, резултат 4-1, а тој не ја покажува реалноста. Беше генијалноста на Меси против добрата Рома. Вториот меч беше неверојатен. Беше неверојатно тоа што го направија. Јас сум импрсиониран, зошти требаше да победат со 4-0, 5-0... Јас во Рим никогаш не сум бил, ниту како турист, па сето тоа ќе биде ново за мене. Од гледна точка на возбудување, очекувам – кул-меч. Одиме во Рим, но не да го разгледаме градот, туку да играме фудбал“, рече Клоп