Кејн погоди против Холандија и ги надмина Милер, Клосе и Мбапе!

Англија славеше со 2-1 против Холандија во полуфиналето на Европското првенство (ЕП), а еден од головите на победничкиот тим беше дело на напаѓачот Хари Кејн.

Кејн постигна гол од пенал и стана најдобар европски стрелец во нокаут-фазата на големите турнири, односно Светското и Европското првенство.

Напаѓачот на Баерн Минхен со овој погодок ги надмина Герд Милер, Мирослав Клосе, Антоан Гризман и Килијан Мбапе.