Јаневски: Имам претчувство дека утре ќе ги освоиме првите бодови!

Македонскиот шампион Вардар утре од 19 часот ќе го игра третиот меч во групата Л во Лига Европа против фаворизираниот шпански Реал Сосиедад, на кој црвено-црните ќе ги бркаат првите бодови, за кои тренерот Чедомир Јаневски има претчувство дека ќе ги освои.

Јаневски поточи дека Сосиедад заслужува полн респект, поради својите квалитети и настапи во една од најсилните светски лиги, шпанската Ла Лига, но Вардар нема да се предаде и ќе се обиде да ги искористи сите слабости за позитивен резултат.

„Утре имаме противник за респект, екипа со долга традиција, тим од едно од најсилните првенства, кој секоја година е меѓу најдобрите шест во своето првенство. Затоа е тим за респект. Ние и при ждрепката, знаевме дека Зенит и Реал Сосиедад се главни фаворити за првите две места. Сосиедад освои само три бода, и нормално е дека ќе ја гледа шансите тука во Скопје да освојат нови бодови. Ние од меч во меч одиме во нагорна линија, а тоа се виде со Розенборг по поразот од Зенит во првиот меч. И по победата со Шкендија, видов дека сме со самодоверба и дека сме подготвени да ги освоиме првите бодови во групата. За да дојдеме до првите бодови, а добро ги анализиравме и во мечеви во Ла Лига и во двата во Лига Европа ќе мора да бидеме сконцентрирани од прва до последна минута, да бидеме организирани, затоа што Сосиедад е добар тим, тим што сака посед, кој игра со брзи додавања, кој играат офанзивен фудбал, даваат голови, но и примаат, што значи играат на гол повеќе. Ние сме добро подготвени и јас верувам дека тие ако и секој тим имаат слабости, што ние ќе треба да ги искористиме“, вели Јаневски.

Јаневски посочи дека за да се освојат бодови, Вардар ќе мора да игра како во второто полувреме со Шкендија, кога црвено-црните дадоа четири гола за да направат пресврт за победа во дербито.

„Веруваме во своите способности и квалитети, со добра организација утре да не излеземе како со Шкендија во првото полувреме, туку се надевам на игра како во вториот дел со тетовци. Имаме шанси, верувам дека утре ќе направиме добар резултат. Без разлика што имаат шест играчи помалку, дали се ослабени или не, се работи за тим кој има доволно добри фудбалери. Ние сепак ја гледаме само нашата работа, како мојот тим ќе игра. Тоа што доаѓаат без шест играчи не треба да не залажува. И овој меч зависи се од нас, а ние играме дома пред нашата публика, и со помош на Комити, ние ќе дадеме се од себе. Имам пречуство дека ќе ги освоиме првите бодови“, рече Јаневски.

Тој не пропушти шанса да посочи дека и Вардар е ослабен, затоа што не може да смета на Висар Муслиу, Владица Брдаровски и Дарко Велковски.

„Имаме и ние тројца повредени, Муслиу, Брдаровски и Велковски, кои беа стандардни на првиот и вториот меч. Ни остануваат овие 16 фудбалери кои ги имаме, а имаат квалитет. Слабостите на Сосиедад ги знаеме, ги анализиравме и на последниот тренинг, треба да ги одработиме финисите. Уште еднаш да им објаснам на фудбалерите, кога, каде и во кое време да ги искористиме тие слабости“, додаде Јаневски.