Јамал најдобар млад играч, Родри МВП на Европското првенство

Индивидуалните признанија на Европското првенство, сосема очекувано и заслужено, отидоа во рацете на шпанските фудбалери кои и ја освоија титулата.

Не можеше да биде поинаку, освен за најдобар млад играч да биде прогласен Ламин Јамал кој немаше да биде незаслужено ако беше прогласен и за МВП на шампионатот. Фудбалерот на Барселона оствари четири асистенции и постигна еден гол, а со оглед на тоа што вчера наполни 17 години, собори низа рекорди на првенството.

За МВП е прогласен Родри во чии раце замина уште едно голема индивидуална награда по онаа во финалето од Лигата на шампионите минатата година и од завршниот турнир од Лигата на нации, исто така во 2023.