Италија покажа карактер: Во шест минути и направи пресврт на Албанија! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Албанија го постигна најбрзиот гол на Европските првенства против актуелниот европски шампион, но Италија брзо се врати и по 17 минути направи целосен пресврт.

 

Вистински „студен туш“ беше голот на Недим Бајрами по грешката на Ди Марко, меѓутоа Италија не дозволи тоа да дестабилизира. Веќе во 11. минута Алесандро Бастони го изедначи резултатот, додека Николо Барел шест минути подоцна погоди и за целосен пресврт.