Интересна пресметка на суперкомпјутерот: Арсенал ќе ја освои Лигата на шампионите

На безмалку половина од сезоната, суперкомпјутерот на Лигата на шампионите пресмета кој е најголем фаворит за освојување на титулата во елитното натпреварување.

Прогнозата е интересна, прв кандидат за трофејот е Арсенал кој според пресметките има 26,3% шанси за трофејот. Зад него е Ливерпул со 21,6% и покрај тоа што „црвените“ се убедливо на првото место на табелата и единствени со максимален ефект по седум одиграни кола.

Шпанските гиганти се на третото и четвртото место, Реал со 9,4%, а Барселона со 8,9% по што следуваат Баерн, ПСЖ и Манчестер Сити иако англискиот тим уште не го обезбедил пласманот во нокаут фазата.

Арсенал никогаш во својата историја не ја освоил титулата во Лигата на шампионите, а најголем успех му е финалето во 2006 година кога загуби од Барселона со 1-2.