Интер почна моќно, Хаверц го врати Леверкузен во живот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер демонстрираат сила уште од самиот старт на вечерашниот четвртфинален дуел против Баер Леверкузен, откако поведоа со убедливи 2-0 по само 20 минути од мечот, но противникот брзо се врати во игра со погодок пет минути подоцна за 2-1.

По стартното одмерување на силите, Барела во 15. минута прв го начна условно кажано домаќинот, со оглед што средбата се игра во Дизелдорф, додека шест минути подоцна, Лукако во стилот на кошаркарски центар се загради во противничкиот казнен простор и на паѓање успеа да го погоди противничкиот гол.

Каи Хаверц, пак, во 25. минути одлично се снајде по еден карамбол и намали на 1-2 со што ја врати неизвесноста во овој натпревар.

Помалку неочекувано, на средбата помеѓу Манчестер јунајтед и Копенхаген нема поголеми возбудувања, односно „ѓаволите“ не се наметнуваат премногу, туку противникот дури и знае да биде поопасен во нападот.