Инсиње: Можевме да ја победиме Барселона, ќе мора повеќе да ризикуваме во реваншот!

Барселона извлече реми на гостувањето кај Nаполи (1-1), а по мечот фудбалерот на италијанскиот тим Лоренцо Инсиње кажа дека имале шанса да победат против ривалот во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Инсиње кажа дека ќе мора да преземат поголем ризик во следниот меч доколку сакаат пласманв во четвртфинале.

„Резултатот има горчлив вкус затоа што се жртвуваме на теренот. Му благодарам на Меси за дресот, ми беше голема чест. Тие ќе бидат тежок ривал во реваншот и покрај тоа што нема да може да сметаат на Видал и Бускетс. Ќе мора да ризикуваме повеќе во реваншот за да се пласираме во следното коло“, порача Инсиње.