![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/12/248312-imala-drugo-znachenje-koreografijata-na-navivachite-na-siti-ne-bila-za-vinisius.jpg?itok=6UeEpTWh)
Има друго значење: Кореографијата на навивачите на Сити не била за Винисиус
Целата спортска јавност сметаше дека кореографијата на навивачите на „граѓаните“ е упатена за Винисиус Жуниор, но изгледа не било така.
Имено, навивачите на Сити истакнаа транспарент на кој стоеше фотографија од Родри со „Златната топка“ и до него пишуваше „Stop crying your heart out“ или во превод „Престани да плачеш“.
Во прашање е песна од познатата група „Оасис“, а членовите на групата се навивачи на Манчестер сити. Текстописецот Ноел од поодамна истакна дека пораката на таа песна е дека треба да продолжиш со животот и во тешките моменти и тој ја упатил кон негов пријател кој поминувал низ тешка ситуација со децата.
Нема сомневање дека овие зборови имаат двојно значење, псоебно ако се знае колку незадоволство покажа Винисиус. Од друга страна, Родри поминува низ тешки моменти по повредата поради која долго време е надвор од терените.