Хрватска и Србија - единствени без гол досега

Од почетокот на Европското првенство се одиграа седум натпревари, а од 14 репрезентации кои излегоа на терените низ Германија, само две не успеаја да постигнат гол.

Станува збор за селекциите од поранешна Југославија, Србија и Хрватска кои доживеаја порази во воведните натпревари. Хрватска вчера загуби од Шпанија со 0-3, а Србија денеска од Англија со 0-1.

Во досегашниот дел од првенството се постигнати вкупно 22 гола или повеќе од три по натпревар, а најнеефикасен беше токму вечерашниот дуел меѓу Англија и Србија (0-1).