Хероиште: Навивач на Вест Хем сам се тепаше против стотина хулигани на АЗ Алмкар (ВИДЕО)

Екипата на Вест Хем имаше повеќе херои меѓу фудбалерите, кои со победа и на теренот на АЗ Алкмар (1-0) се изборија за финале во Конференциската лига, но признанието најдобар на стадионот дефинитивно ќе заврши во рацете на нивниот легендарен навивач Нолзи, кој буквално сам се тепаше против стотици противнички хулигани.

Англиските фанови, меѓу кои беа и членовите на семејствата на фудбалерите, брутално беа нападнати по завршувањето на средбата, а во отсуство на реакција на домашните редари тие самите мораа да се спасуваат. Во сето тоа како херој се издигна легендарниот Нолзи, чија ретјо видена храброст и решителност беше клучна да не дојде до трагичен епилог.

Поради тоа, веднаш почна акција клубот да му подари бесплатен билет за големото финале против Фиорентина, како награда за крвта и модринките оставени за клубот кој го сака.