Хаос во таборот на Франција: Жиру и Мбапе се испокарале?

Оливие Жиру постигна два гола во победата на Франција против Бугарија од 3-0, откако влезе во игра на местото на Карим Бензема.

Меѓутоа, искусниот напаѓач не е задоволен со соработката со Килијан Мбапе и тоа по мечот јасно го кажал.

„Бев невидлив зашто некогаш трчам напред, а не добивам топка каква што очекувам. Не сметам дека постојано ќе давам голови, ама имам многу решенија во казнениот простор“, кажа Жиру и го критикуваше Мбапе кој е себичен.

„Л’Екип“ објави дека Мбапе бил толку лут што поради оваа изјава сакал да одржи прес-конференција, но селекторот Дидие Дешам го одбил неговото барање и му порачал да се фокусира на Еуро 2020.

На денешниот тренинг овие двајца фудбалери се смириле, па Мбапе двапати му асистирал на Жиру за голови.