Хамрун ги прекршил правилата: Левски бара да се преигра мечот (ФОТО)

Левски Софија испадна од квалификациите за Конференциската лига, откако ги шокира Хамрун од Малта, но сепак Бугарите не се откажуваат од учество во плејофот против Партизан, зашто забележале една судиска грешка.

Хамрун во Софија славеше со 2-1, а вистинска драма се случи во судиското надополнување, кога Левски постигна гол за 1-1 и имаше предност од вкупни 2-1, но во следниот напад тимот од Малта веднаш одговори со погодок.

Сепак, во момент кога фудбалерите на Хамрун тргнаа од центарот, еден играч на тимот бил на половината на Левски и тоа не е дозволено.

„Испративме барање да се повтори реваншот против Хамрун. Забележавме кршење на правилата, откако на тоа не реагираа судиите. Тоа влијаеше на конечниот резултат“, велат од Левски.