Гвардиола: Имам почит за Реал Мадрид, но не се плашам!

Англискиот шампион Манчестер сити утре на „Итихад“ ќе го пречека Реал Мадрид во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Пеп Гвардиола се надева дека ќе го елиминираат големиот ривал.

Ривалството на Гвардиола со „кралевите“ трае со децении, па сака да ги совлада во реваншот, но вели дека неговите избраници ќе бидат претпазливи.

„Сметам дека се неверојатен тим. Реал Мадрид има моќна екипа, а ние мора да бидеме подобри отколку во реваншот. Дали се плашам од Реал? Не. Го почитувам, но не се плашам“, кажа Гвардиола.