Гундоган го искритикува Араухо: Подобро да примевме гол отколку што останавме со играч помалку!

Барселона беше во одлична позиција за да се пласира во полуфиналето од ЛШ, но сѐ промени црвениот картон на Араухо откога се сменија работите во полза на ПСЖ кој на крајот славеше со 4-1.

Додека Чави вината ја бара кај судиите, Гундоган прстот го впери директно кон својот соиграч, Араухо.

„Многу сум разочаран, ова е фрустрирачко за нас, бевме во многу добра позиција. Не само по првиот меч, туку и откако поведовме во овој. Се беше во наши раце и прокоцкавме“, вели Гундоган.

„Ако Араухо фаулираше, тогаш тоа е црвен картон, но не ја видов повторената снимка. Во вакви моменти треба прво да стигнете до топката. Подобро е да примиш гол, отколку да останеш со играч помалку. Можеби играчот на ПСЖ немаше да стигне до топката или немаше да даде гол. Тешко е кога ќе загубиш на ваков начин“.