Голем проблем за Србите: За фудбалерот на Јувентус предвреме заврши настапот на ЕП!

За српскиот репрезентативец, Филип Костиќ, настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија заврши предвреме, што ќе биде голем проблем за селекторот Драган Стојковиќ-Пикси пред дуелите со Словенија и Данска во кои ќе се бркаат бодови за пласман во нокаут-фазата.

Фудбалерот на Јувентус го повреди коленото на синоќешниот натпревар против Англија (0-1), а лекарските прегледи покажаа дека тоа е посериозен проблем кој ќе го оддалечи од терените додека трае учеството на Србија. Костиќ мораше да го напушти теренот на крајот од првото полувреме и тоа без да има некој видлив дуел со противнички фудбалер. Во еден момент само седна на тревата, а од изразот на лицето се виде дека ситуацијата е проблематична.

Наместо него на теренот влезе Филип Младеновиќ, а Костиќ со солзи во лицето тргна кон српската клупа.