
Фудбалер на Лајпциг: Црвена Звезда е одвратен противник!
Тој добро ги памети црвено-белите и е убеден дека знае како Германците можат да слават на „Маракана“.
„Ц. Звезда е одвратен противник, кој ви ја расипува играта кога ја имате топката. Првенствено ги дефинира нивната дефанзивна игра. Нема ништо да ни подарат, ќе мора да бидеме подготвени да го наметнеме нашиот стил на игра. Ако го направиме тоа, тогаш убеден сум дека можеме да победиме во двата натпревари“, изјави Баумгартнер.
Тој се уште го памти мечот против Црвена Звезда во Лигата на Европа пред три години, кога дебитираше во европските натпревавувања и тоа со постигнат гол на средбата на домашен терен.
„Навистина убав момент кој никогаш нема да го заборавам. Првите голови се секогаш нешто посебно. Можеби во среда ќе го постигнам мојот прв гол во Лигата на шампионите. Секако, би било одлично да се повтори тоа против белграѓани“, откри Баумгартнер.
Лајпциг има една победи и еден пораз на стартот од групната фаза од ЛШ, додека белграѓани имаат еден бод по ремито со Јанг Бојс.