
Франкфурт е осминафиналист во ЛЕ: Силва му ја „украде“ победата на Салцбург (ВИДЕО)
Салцбург по десет минути игра го презема водството благодарение на голот на Улмер, но во 30. минута Силва израмни на 1-1.
Во вториот дел домаќините повторно успеаа да се вратат во предност (2-1), но не успеаа да направат ништо повеќе од тоа, па Силва со вториот негов гол ги постави конечните 2-2.
Франкфурт обезбеди пласман понатаму бидејќи имаше подобар резултат во првиот меч (4-1) и ќе игра против Базел.