Французите во проблеми - „пола“ фудбалери болни, Коман во најтешка состојба

Актуелниот светски вицешампион Франција в понеделник против Австрија ќе го почне својот настап на Европското првенство, а дотогаш ќе треба да го среди својот тим кој во моментов се соочува со многу проблеми.

Француските медиуми објавија дека голем број фудбалери и членови на стручниот штаб на „триколорите“ имаат вироза, меѓу нив е и селекторот Дидие Дешамп, а најлошо поминува Кингсли Коман. Главните симптоми се воспаление на горните дишни патишта, а неколкумина имале грчеви и главоболки.

Коман вчера не тренираше со екипата, на почетокот од тренингот го немаше ни Мбапе, но новиот фудбалер на Реал подоцна се симна на теренот иако не им се придружи на соиграчите.