
Евра ја откри долго чуваната тајна: Говорот на Ферги беше клучен да ја освоиме ЛШ (ВИДЕО)
Познато е дека Евра е голем шегаџија, и дека често пати знае да ја насмее јавноста и своите следбеници на социјалните мрежи. Ово пат Французинот ги разнежни многумина откако говореше за Сер Алекс Фергусон, поточно за неговиот говор пред финалето во Лигата на шампиони во 2008 година што се одигра во Москва.
Бевме во соблекувалната кога влезе шефот. Како и обично, музиката беше исклучена. Беше толку тивко, секоја капка вода што падна на подот можеше да се слушне. И тогаш Фергусон рече „Јас веќе победив“, започна Евра, а потоа продолжи да објаснува:
Се погледнавме едни со други, а потоа шефот повтори: „Јас веќе победив, дури не мора да играме фудбал“. Помислевме - за што станува збор? Натпреварот не започна. Потоа се сврте кон мене и ми рече: „Погледнете го Патрис, има 24 браќа и сестри, замислете низ што поминала неговата мајка за да им обезбеди храна на децата. Потоа се сврте кон Руни: „Погледнете го Вејн, тој порасна во најлошиот дел од Ливерпул“. Му дојде редот и на Парк: „Дојде дури од Јужна Кореја!“, додаде Французинот, кој мина осум години во Манчестер.
Додека шефот ги раскажуваше нашите приказни, почнавме да разбираме што сака да ни каже. Неговиот говор беше за нашето другарство. Не бевме само фудбалски клуб - бевме луѓе од секоја страна на светот, различни култури, различни раси и различни религии. Потоа се најдовме таму, сите заедно во соблекувалната во Москва, борејќи се за иста цел. Преку фудбалот станавме браќа, говореше емотивно Евра.
Ова е моја победа! Заврши Ферги. Тоа допре до сите нас, се наеживме, а потоа излеговме на терен за да ја освоивме Лигата на шампиони. Тоа е Манчестер Јунајтед! Затоа го сакам фудбалот, заврши Евра.
Манчестер јунајтед во тоа финале беше подобар од Челси. После 90 минути игра, резултатот беше 1-1. Кристијано Роналдо му донесе предност на Јунајтед во 26. минута, при што Френк Лампард ги постави конечните 1-1 во 45 минута. По дополнителното време немаше промена во резултатот, а во пенал серијата беше 6-5 во корист на најтрофејниот англиски клуб.
Алекс Фергусон 13 пати ја освои Премиер лигата во својата тренерска кариера и пет пати неговиот тим го крена трофејот во ФА Купот. Покрај 2008 година, трофејот во ЛШ го освои и во 1999 година.