Елмас и другарите го одложија летот за Брага - им се расипал авионот!

Наполи утре гостува кај Брага во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), но калчолигашот пред патувањето се соочил со проблеми и затоа ја откажал прес-конференцијата.

„Скај Спорт Италија“ објави дека летот бил одложен поради проблеми со авионот на Наполи, па поради тоа тренерот Руди Гарсија нема да се појави пред новинарите на закажаната прес-конференција.

Италијанскиот шампион утре од 21 часот ќе се обиде со триумф да ја почне новата сезона во елитното натпреварување.