Двострел на Роналдо во Никозија: Си го урна сопствениот рекорд! (ВИДЕО)

Додека цела Европа го критикува, Роналдо истапи и направи нешто за да им ги затне устите на сите.

Португалецот ги постигна петтиот и шестиот гол на гостувањето на Реал кај АПОЕЛ, со што дојде до бројката од 18 гола во Лигата на шампионите во календарска година.

До пред овој натпревар имаше 16, што беше идентично како неговиот сопствен рекорд од 2015 година и потребен му беше еден за да ја помести границата, но тој успеа двапати. Не треба да заборавиме дека до крајот на годината има уште еден натпревар, Реал - Борусија, каде што Роналдо би можел да го подобри својот рекорд.

Не е исклучено да го нападне и рекордот на голови во една сезона, исто така негов, од 2013/14 дури 17. Со овие два од Кипар има осум, така што, ако влезе во препознатлива форма и тоа не е исклучено.