
Динамо подобар од Генк: Ристовски и Адеми до прва победа во Лига Европа
Хрватскиот гигант до водство стигна преку Иванушец во 10. минута, додека Петковиќ во завршницата од првиот дел зголеми на 2-0 од пенал.
Петковиќ беше стрелец и на третиот гол на натпреварот, и тоа повторно од белата точка во 67. минута, кога ги потврди конечните 3-0.
Во групата Х првопласиран е Вест хем со шест бодови по две одиграни кола, по три бода имаат Динамо и Генк, додека Рапид Виена е без освоен бод.
Останати резултати:
Брага – Мидтјиланд 3-1
Селтик – Баер Леверкузен 0-4
Ференцварош – Бетис 1-3
Лацио – Локомотив Москва 2-0
Лудогорец – Црвена Звезда 0-1
Марсеј – Галатасарај 0-0
Вест хем – Рапид Виена 2-0