Динамо е прв што примил девет гола во ЛШ, но неговиот пораз не е најголем во историјата

Хрватскиот првак Динамо Загреб е главна тема во европскиот фудбал откако синоќа загуби со 2-9 на гостувањето кај Баерн, во првото коло од Лигата на шампионите.

Со тоа, „модрите“ станаа први во историјата на елитното европско натпреварување кои примиле девет гола на еден меч во ЛШ, но нивниот пораз, изразен со седум гола разлика, сепак, не е највисок. Рекордот го држат Малме и Бешикташ кои имаат порази од 0-8. Турскиот тим со таков резултат загуби од Ливерпул во 2007, а Малме од Реал во 2015 година.

Што се однесува до Динамо, овој клуб има уште еден дебакл во Лигата на шампионите, од Лион со 1-7 во декември 2011 година што е еден од највисоките порази на домашен терен воопшто во натпреварувањето на УЕФА.