
Динамо без Ристовски ќе ја почне Конференциската лига?
Ристовски се пожалил на повреда на мускулот и воошто го немало на денешниот последен тренинг пред мечот и засега неизвесно е колку ќе паузира дефанзивецот, а во Динамо се надеваат дека таа повреда не е тешка и дека македонскиот интернационалец ќе ја пропушти само утрешната пресметка со казахстанска Астана.
Тренерот Сергеј Јакировиќ пред мечот на прес-конференцијата не кажа ништо за евентуална повреда на Ристовски, најавувајќи дека безмалку сите се во комбинација за мечот.
Ристовски пред репрезентативната пауза се повреди на мечот со Осиек кога беше заменет по 40 минути, но потоа го одигра целиот меч со Славен Белупо пред четири дена.