Дерби на Апенините: Милан сака да го замолчи „Олимпико“ и да ја шокира Рома
Сите погледи вечерва ќе бидат вперени кон „Олимпико“ во Рим каде што ќе се соочат Рома и Милан, а двата тима имаат одредени проблеми.
AC Milan 0-1 Roma
— G/A in all Competitions (@GoalsandAssist) April 12, 2024
🇮🇹Gianluca Mancini in 9 UEL games this season
⚽️2 Goals
🇦🇷Paulo Dybala in 7 UEL games this season
⚽️1 Goal
🅰️1 Assist
Man of the Match: Gianluca Mancini 🇮🇹#UEL
pic.twitter.com/AbcpUxLOSO
Рома ќе излезе на мегдан без Брајан Кристанте и Сердар Азмун, додека Ендика сè уште е надвор од теренот и за него најверојатно сезоната е завршена. Милан не може да смета на повредените Калулу, Кјаер и Побега.
Фудбалерите на двете екипи ќе мора да внимаваат и на картони затоа што би можеле да добијат суспензија за првиот полуфинален меч. Под закана се Паредес, Спинацола, Калабрија, Леао, Мењан и Муса.
Focus 💯#UEL pic.twitter.com/z7gfPehyTo
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) April 17, 2024
Даниеле Де Роси дозна дека ќе ја тренира Рома и следната сезона, па тоа е одлична вест пред дербито со Милан. Интересно е тоа што младиот тренер на „Волчицата“ има дури 11 победи и два порази на 16 меча.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли кажа дека неговиот тим заслужил барем реми во првиот меѓусебен дуел и најави голема битка.
„Ова ќе биде меч на високо ниво. Мора да внимаваме на деталите повеќе отколку минатиот пат“, кажа Пиоли.
Who's going through? 🤤#UEL pic.twitter.com/zALGwq9zRX
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) April 18, 2024