Даде гол за Хрватска, па се расплака! (ВИДЕО)

Хрватска синоќа со 3-0 го победи Гибралтар и практично се пласираше на Светското првенство, во центарот на вниманието беше Мартин Ерлиќ кој го постигна својот деби гол за коцкестите.

Ерлиќ во својот 11. настап за Хрватска го постигна својот прв гол откако погоди пред последниот судиски свиреж поставувајќи ги конечните 3-0.

Колку му значеше овој гол се гледа по неговата реакција, хрватскиот стопер заплака откако погоди.

„Деби голот? Немав баш позитивна година минатата година, но работата и трудот се исплаќаат, среќен сум поради голот“, рече Ерлиќ.

Голот и реакцијата на Ерлиќ може да ги видите на овој ЛИНК.