
Црна Гора го победи Гибралтар, триумфот му го посвети на Делибашиќ!
Црногорците се намачија додека да поведат против Гибралтар кој во 13. минута дојде до водство со гол на Бент по еден голем кикс на црногорскиот голман.
Во 22. минута искусниот Јоветиќ го изедначи резултатот, но следниот погодок беше постигнат дури во 70. минута.
Во меѓувреме Црногорците со сите сили се обидуваа да дадат втор гол, а шанси имаше и Гибралтар од контра напади.
Конечно Тучи со глава го даде тој гол за предност на Црна Гора од 2-1, потоа беше полесно. Конечните 3-1 дојдоа само три минути подоцна преку Марушиќ.
Победата му беше посветена на поранешниот црногорски фудбалер, Андрија Делибашиќ кој почина на 43-годишна возраст.
Норвежаните уште во петтата минута преку Рајрсон поведе во Молдавија, а во 23. минута гол даде Халанд за 2-0.
Во 38. минута Асгард зголеми на 3-0, а пет минути подоцна Сорлот реализираше за 4-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
Веќе беше јасно кој е победникот на овој меч, па Норвешка ја тргна педалата од гас, во вториот дел гол даде само Донум за конечни 5-0.