
Чешка со најмлад, Германија со најстар состав на Европското првенство
Најмлад тим на шампионатот ќе има селекцијата на Чешка каде просечната возраст на фудбалерите изнесува 25,3 години. Блиску до неа е Турција со 25,8, па Англија и Украина до 26,3. Највозрасна е репрезентацијата на домаќинот - Германија каде играчите во просек по 28,5 години.
Интересно е тоа што на првенството ќе игра само еден малолетен фудбалер. Станува збор за шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал кој на еден ден пред финалето (13 јули) ќе наполни 17 години.