Чалханоглу со велемајсторски гол ја „отвори“ Звезда (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Интер брзо ја оправда фаворитската улога во дуелот со Црвена Звезда и по 11 минути игра дојде до предност од 1-0.

До водството стигна благодарение на евроголот што го постигна Хакан Чалханоглу од слободен удар.

Да биде ефектот подобар, Турчинот погоди на страната што требаше да ја брани противничкиот голман Глазер на чија душа оди овој гол.