Бешикташ напаѓа(ше), тинејџерот на Борусија им ги казни промашувањата (ВИДЕО)

На фудбалерите на Борусија Дортмунд им требаа само дваесетина минути да го постигнат водечкиот погодок на гостувањето кај Бешикташ на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите (ЛШ) во групата Ц и тоа во период кога домаќинот жестоко напаѓаше.

Турците почнаа експлозивно, уште од првиот момент го нападнаа голот на противникот, а по само шест минути игра можеа да поведат преку Батшуаи, но голманот на германскиот тим, Грегор Кобел, со пантерска интервенција ја спречи нивната радост. Казната дојде во 20. минута, кога 18-годишниот Џад Белингам со извонреден удар од полудесно донесе радост за своите соиграчи. Потоа следуваа и две стоотстотни шанси за Халанд и Ројс, кои промашија од ситуации од кои најчесто не промашуваат.

Во оваа група уште се Ајакс и Спортинг Лисабон.