Белингам откри што значела прославата на голот против Србија
Англискиот херој голот го прослави на посебен начин со соиграчот Трент Александер Арнолд. Двајцата клекнаа еден наспрто друг и ја ставија дланката на лицето со раширени прсти. Белингам објасни дека таа прослава била посветена на луѓето од стручниот штаб.
Во репрезентацијата на Англија подолго време се игра играта со карти „Warefolf“. Во неа една група игра против друга и задачата е да ги измамите противниците, односно да ги наведете на погрешни траги. Станувало збор за омилена занимација на неколку играчи и членови на стручнит штаб кои се нарекуваат „Тhe Wolf Crew“.
„Кога ја играме таа игра, еден од играчите ја држа така дланката кога не знае што се случува. Тој гол го посветиме на луѓето кои секојдневно вложуваат толку многу напор за се да биде кво ред. Не добиваат моменти на слава како нас на теренот, но се многу важни за целиот тим“, изјави Белингам.