Бејл одби да се фотографира со знаменце на Реал Мадрид, па му го даде на соиграчот (ВИДЕО)

Факт е дека ситуацијата во Реал Мадрид не е на посакуваното ниво, а за тоа најдобро говори последното видео на кое јасно може да се забележи како нивниот напаѓач Герет Бејл, одби да ја земе клупската значка која му ја даде неговиот соиграч, Рафаел Варан.

Имено, Велшанецот се подготвуваше да се фотографира со своите соиграчи пред дуелот со ПСЖ, што е вообичаена постапка, а кога Варан му ја даде клупската ознака Бејл изгледаше збунето и на моменти се двоумеше дали да ја земе, а потоа ја предаде на Дани Карвахал, кој стоеше веднаш до него.

Бејл беше сместен во првиот ред и беше идеална личност што ќе го држи знаменцето, но очигледно беше крајно изреволтиран поради последните случувања во тимот поради кои сакаа по секоја цена да биде продаден во текот на летниот трансфер рок.